Дома Фудбал Омерагиќ: Милевски ќе остане селектор на Македонија

Омерагиќ: Милевски ќе остане селектор на Македонија

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, изјави дека не планира промени на селекторската позиција во националниот тим, освен ако резултатите во иднина не ги оправдаат очекувањата.

Во јавноста постоеше неизвесност дали смената на врвот на ФФМ ќе резултира со промени во селекторската структура, но Омерагиќ категорично ја отфрли таа можност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За време на средбата со новинарите, тој изрази целосна доверба во актуелниот селектор и неговиот тим, нагласувајќи ја важноста на континуитетот во работата.

„Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот. Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму“, изјави Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…