Дома Фудбал Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Познатиот француски фудбалер, Оливие Жиру (38), е на чекор да се врати во својата татковина, каде што би потпишал нов договор со екипата на Лил.

Ако ова стане реалност, Жиру ќе се врати во Франција по 13 години. Во минатото настапуваше за Монпелје, кој го водеше до сензационалната титула во 2012 година, по што замина во Арсенал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај Арсенал, играше и за Челси и Милан, а со француската репрезентација го освои Светското првенство во Русија 2018 година.

Неговиот договор со Лос Анџелес истекува на крајот од годината, и се чини дека клубот ќе му дозволи трансфер во Лил, бидејќи не се премногу задоволни од неговата игра во оваа и претходната сезона.

Во француската репрезентација, Жиру одигра 137 натпревари и постигна 57 голови.

Фото: Los Angeles FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баер Леверкузен се чини дека го пронајде наследникот на Ерик Тен Хаг!

Австралискиот фудбалски стратег Ангелос Постекоглу се смета за потенцијален нов главен тре…