Дома Останати Ракомет Охрид не запира: Пристигна и репрезентативец на Словенија од Бундеслигата!

Охрид не запира: Пристигна и репрезентативец на Словенија од Бундеслигата!

Продолжува амбициозниот проект на ГРК Охрид и по тренерот Борис Ројевиќ и десниот бек Предраг Вејин, клубот се засили и со репрезентативецот на Словенија, Тилен Стрмљљан.

Со Охрид Стрмљан потпиша договор на две сезони, па така се очекува да остане во клубот до 2027 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во Македонија пристигнува од Бундеслигата каде што го носеше дресот на Хановер.

Низ кариерата претходно настапуваше уште за: Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар.

Зад себе има и одлични настапи со Целје во Лигата на шампионите каде што постигна 53 гола во сезоната 2022/2023.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oва е контроверзната фотографија поради која што поранешниот голман на Еурофарм Пелистер доби отказ

Хрватскиот ракометен голман Филип Ивиќ доби отказ во РК Војводина поради фотографија напра…