
Откако Реал Мадрид пред неколку дена објави дека се разделува со Лука Модриќ кој последните натпревари ќе ги одигра на Светското клупско првенство, клубот соопшти дека уште една легенда го напушта. Раул, симболот на клубот кој остави длабоко влијание како играч, а потоа работеше шест години како тренер на резервниот тим, побара заминување кое му беше одобрено.
Шпанските медиуми известуваат дека Раул бил разочаран затоа што не добил шанса да го води првиот тим на клубот. “Засекогаш во нашите срца”, беше пораката на клубот при разделбата со Раул.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Да потсетиме, Раул е производ на Реал и за првиот тим настапуваше од 1994 до 2010 година. Во тој период запиша 741 настап и постигна 323 гола. Тој сѐ уште е играчот со најмногу настапи во историјата на клубот, а некогаш беше и најдобар стрелец, пред да го надминат Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
На позицијата тренер на Кастиља, тимот кој се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал, Раул ќе биде наследен од Алваро Арбелоа (42), поранешен десен бек на Реал, кој работи во клубот од 2020 година и ги води младинските категории.