Дома Фудбал Официјално: Кристијан Ериксен има нов клуб

Официјално: Кристијан Ериксен има нов клуб

Кристијан Ериксен е нов фудбалер на германски Волфсбург.

Данецот, кој држи рекорд според бројот на настапи за националниот тим и кој учествуваше на три Европски и Светски првенства, потпиша договор со “волците” до 2027 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ќе го носи дресот со број 24..

„Многу сме среќни што оваа можност неочекувано ни се пружи. Со Кристијан Ериксен добиваме играч кој е виден во сите врвни натпревари. Неговото огромно искуство, фудбалска класа и личност ќе пружат вредни придонеси, особено на нашите млади играчи. Ова лето направивме свесни структурни промени и доведовме многу таленти со голем потенцијал. Покрај нашиот искусен капитен, Макс Арнолд, Кристијан ќе биде идеално дополнување на тимот, како лидер кој ќе може да направи разлика и на теренот и надвор од него,“ изјави спортскиот директор на Волфсбург, Себастијан Шиндзелоц.

Се огласи и Ериксен.

„Волфсбург е мојата прва станица во Бундеслигата – и со голема радост го прифаќам овој нов предизвик. Убеден сум дека заедно можеме да постигнеме нешто значајно тука. Разговорите со луѓето од клубот беа одлични. Веднаш почувствував дека Пол Симонис има јасна визија за тимот, но и за мене. Тоа што во тимот има многу лица кои добро ги познавам од репрезентацијата на Данска, го прави Волфсбург особено привлечен за мене,“ порача Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи обвинет за прекршување на дури 74 правила, а веднаш потоа се насочи кон три нови засилувања!

Челзи потроши голема количина на пари ова лето, пред сè за засилување на напаѓачкиот дел о…