Дома Фудбал Официјално: Јувентус го претстави второто засилување за ова лето

Официјално: Јувентус го претстави второто засилување за ова лето

Веќе беше познато, а сега торински Јувентус официјално потврди дека 22-годишниот португалски фудбалер Франциско Консеисао потпиша петгодишен договор.

Изминатата сезона Консеисао како играч на Порто беше позајмен во Јувентус. Сега Јувентус го откупи неговиот договор за 30,4 милиони евра, кои ќе бидат платени во четири рати. Португалскиот репрезентативец потпиша договор до јуни 2030 година. По Џонатан Дејвид, Консеисао е второто засилување на Јувентус за ова лето.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Консеисао ја започна својата професионална кариера во Порто. Потоа две сезони беше дел од Ајакс, по што се врати во Порто пред да пристигне во Торино. Минатата сезона во дресот на Јувентус запиша пет голови и шест асистенции.

Франциско Консеисао е син на поранешниот португалски репрезентативец Серхио Консеисао, а и самиот Франциско има 11 настапи во националниот дрес и постигнато два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина поранешен фудбалер на Наполи – бил претепан од полицијата!

Поранешниот младински фудбалер на Наполи и подоцна афирмиран диџеј, Микеле Ношкезе, трагич…