Дома Фудбал Официјално: Интер го презентираше новиот тренер

Официјално: Интер го презентираше новиот тренер

Интер сега има нов тренер. Од клубот објавија дека Кристијан Киву ќе го преземе тимот. Романецот потпиша двегодишен договор со „нероазурите“. Тој ќе го замени Симоне Инзаги, кој замина по четири години на „Сан Сиро“.

Киву доаѓа од Парма, каде што работеше околу четири месеци, но го задржа тимот во Серија А. Тој е поранешен играч на Интер, а помеѓу 2018 и 2024 година работеше со младинските екипи на „нероазурите“. Тоа што добро го познава клубот ќе му помогне, бидејќи нема да има многу време до почетокот на Светското клупско првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата сезона претставуваше разочарување за Интер, кој беше насочен кон три трофеи, но остана без ниеден. Тимот заврши втор во Серија А, бидејќи беше надминат од Наполи, испадна од Милан во полуфиналето на Купот на Италија и загуби од Пари Сен Жермен на финалето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона најавува тужба против ФИФА поради Рафиња

Барселона се подготвува да преземе правни чекори против ФИФА поради сериозната повреда на …