
Осасуна официјално ја обжалува синоќешната загуба од Барселона со 0:3 до Комитетот за натпревари на Кралската шпанска фудбалска федерација. Причината е неправилната според клубот од Памплона употреба на одбранбениот играч на Барселона Иниго Мартинес, кој одигра цел натпревар, а кој според Осасуна бил на теренот во спротивност со правилата на ФИФА.
Во официјалното соопштение, Осасуна детално ги објаснува своите претензии, повикувајќи се на член 5 од прилогот I од Правилникот на ФИФА. Тој гласи дека сите меѓународни играчи кои пропуштаат или се повлекуваат од својот национален тим поради повреда, не можат да играат за својот клуб во петте дена по последниот натпревар од меѓународниот прозорец, освен ако националната федерација не го ослободи играчот изрично.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Според Памплона, Мартинес го прекршил ова правило бидејќи играл за својот клуб само четири дена по последниот натпревар на Шпанија против Холандија, кој беше на 23 март.
Од Осасуна тврдат дека случајот со Мартинес не е исклучок и затоа немал право да игра против нив. Во официјалното си соопштение, клубот од Памплона дава пример со својот играч Брајан Сарагоса и со Марк Касадо од Барселона кои исто така биле повредени и биле отстранети од составот на Шпанија, со што ниту тие немале право да играат и не беа на теренот синоќа.