Дома Фудбал Oдредена цената на влезниците за натпреварот со Лихштенштајн

Oдредена цената на влезниците за натпреварот со Лихштенштајн

– У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот Македонија – Лихтенштајн од 5. коло во групата за пласман на СП 2026 ќе се одигра на 7. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На седницата беа донесени и останати одлуки како:

У.О. на ФФМ донесе одлука за назначување на Влатко Колев за селектор на македонската репрезентација до 17 години (генерација 2009). Влатко Колев е носител на тренерска Про лиценца со речиси две децении искуство во работата со младински категории во домашните клубови Вардар, Работнички и Металург. Два пати е прогласуван за тренер на годината во младински фудбал. Поранешен фудбалер од шампионските генерации на Вардар и Силекс, а настапуваше и за Македонија Ѓорче Петров. Во надежната репрезентација до 17 години доаѓа на местото на Драган Начевски кој својата тренерска кариера ја продолжи во кипарскиот фудбал.

– У.О. на ФФМ ја прифати оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал. Газмент Исеини е назначен за нов селектор на футсал А македонската репрезентација. Исеини е тренер на актуелниот првак и Куп освојувач, Форца 2015, тим кој учествуваше во главната квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Во изминатите години, беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.

– У.О. на ФФМ донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25. Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од Прва МФЛ.

ФК Воска Спорт, ФК Гостивар и ФК Беса, клубови кои го откажаа учеството во лигата, нема да бидат вклучени во распределбата на средствата од солидарната шема на УЕФА.

– У.О. на ФФМ донесе одлука за поставување на два мини фудбалски терени (40×20) во Могила и Босилово. Со новите терени, донација од ФИФА, децата и младите фудбалери во населените места ќе добијат можност да тренираат и играат во современи услови, како и нивните врсници во поголемите градови.

– У.О. на ФФМ донесе одлука за раскинување на договорите за изградба и реконструкција на трибините на стадионите во Кичево и Охрид. Одлуката е донесена поради сериозни неправилности и непочитување на договорните обврски од страна на изведувачите. Исто така, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за избор на нов изведувач за изградба на трибината на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и реконструкција на трибина на стадионот во Кичево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Арсенал и Англија: Повредата на Сака е сериозна!

Англискиот крилен напаѓач Букајо Сака заради повреда нема да настапи на премиерлигашкиот д…