Дома Фудбал Одигра 10 натпревари за Ливерпул, a клубот за него бара 30 милиони евра

Одигра 10 натпревари за Ливерпул, a клубот за него бара 30 милиони евра

Фудбалскиот клуб Ливерпул денес доби интересна понуда за нивниот млад фудбалер Бен Дук.

Момчето што е на позајмица во Мидлсбро игра одлично со своите 19 години во Чемпионшип, и на 20 натпревари постигна два гола и пет асистенции, со што придонесе клубот од “Риверсајд” да биде на петтото место по 25 одиграни кола.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неколку клубови од Европа, но и од Англија, покажаа интерес за шкотскиот репрезентативец, а најконкретен беше Кристал Палас, чија официјална понуда пристигна на “Енфилд” во вредност од 15.000.000 фунти. Најверојатно, Ливерпул бара двојно повеќе според иформации на доверливиот Пол Џојс од “Телеграф”.

Крисенсио Самервил (23) од Лидс премина во Вест Хем за 25.000.000 фунти минатото лето, додека Вилсон Одобер (20) замина од Барнли во Тотенхем за 30.000.000, што послужи на Ливерпул како основа за определување на отштетата во случајот на Бен Дук.

Во клубот веруваат дека овој момче во иднина може да игра во системот на Арне Слот и само во случај на поголема понуда би прифатиле да го пуштат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал договори трансфер на ѕвезда вреден 80 милиони евра во Германија

Арсенал синоќа се соочи против Баер Леверкузен во првата осмина финале од Лигата на шампио…