Дома Фудбал Одекна бомба во Аргентина: Кејлор Навас го засили гигантот од Росарио!

Одекна бомба во Аргентина: Кејлор Навас го засили гигантот од Росарио!

Костариканскиот голман Кејлор Навас е новиот голман на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, потврди клубот од Росарио.

Договорот е потпишан до јуни 2026 година, а според аргентинските медиуми, Навас ќе дебитира за новиот клуб на турнирот Апертура што започнува следниот четврток.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Легендарниот голман кој се повлече од репрезентацијата на Костарика, а кој бил соиграч на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид и Лионел Меси во ПСЖ, се враќа на теренот по скоро осум месеци, а последниот натпревар го одигра на 19 мај 2024 година за ПСЖ во Лига 1.

Дојдовувањето на Навас дополнително го раздрма аргентинскиот фудбал, со оглед на тоа што Андер Ерера неодамна потпиша за Бока Јуниорс, додека пред неколку месеци Икер Мунијан го засили Сан Лоренцо.

Кејлор Навас досега во кариерата играл за Сапрису, Албасете, Леванте, Реал Мадрид, Париз Сен Жермен и Нотингем Форест.

Најголемите успеси во кариерата ги постигна со Реал, со кој беше трикратен освојувач на Лигата на шампионите и четвртократен светски клупски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Класата е вечна, фантастична асистенција на Модриќ🎥

Лука Модриќ иако длабоко во четвртата деценија се уште игра фантастично во дресот на Реал …