Голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, е најзаслужниот што Јувентус освои само еден бод во дербито од 19-тото коло во Серија А, а неговата интервенција од второто полувреме влегува во конкуренција за една од најдобрите во сезоната.
Јувентус имаше голема победа на гостувањето во своите раце. Старата дама имаше предност со голот на Пјер Калулу од почетокот на второто полувреме, и потоа продолжи да напаѓа со играта во текот на натпреварот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Меѓутоа, чудесниот голман Карнесеки имаше дури осум одбрани и обезбеди Берагмезите да останат во игра за време на натпреварот. Тоа го искористи Матео Ретеги и со гол во 78-мата минута донесе вреден поен за Аталанта која сè уште има шампионски амбиции.
Но, ништо од тоа не би било возможно без чудесната интервенција на Карнесеки. Голманот на Аталанта го спаси својот тим при водство на Јувентус со резултат 1:0.
Повторно Калулу беше близу до гол, но за да не биде двоен стрелец, се погрижи Карнесеки со буквално вадење на топката од голот.
Isso que faltou para o Kalulu abrir o placar naquele milagre do Carnesecchi pic.twitter.com/OtdbjrmKZk
— Juventus Brasil (@Juventus_Brasil) January 14, 2025
Топката во таа ситуација не ја помина гол-линијата со целиот обем за само неколку милиметри.
Неговата одбрана може да ја погледнете ТУКА.