Дома Фудбал Од Шкупи испраќале неточни информации – ФФМ се огласи за натпреварот со Силекс!

Од Шкупи испраќале неточни информации – ФФМ се огласи за натпреварот со Силекс!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека натпреварот од 2. коло на Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи 1927 и ФК Силекс, закажан за 17 август во 17:00 часот, нема да биде одигран.

Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.

ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение.
Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната.

Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот.

Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во “Куќа на фудбалот” за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата.

ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост.

Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…