
Фудбалерите на Косово вчера го напуштија натпреварот против Романија со што предизвикаа бурни реакции по дуелот во Букурешт.
Денес од Фудбалскиот сојуз на Косово се огласија со соопштение во кое објаснуваат зошто се одлучиле на таков потег.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Фудбалскиот соју на Косово најостро ги осудува расистичките провокации и однесувањето во натпреварот помеѓу Романија и Косово во Букурешт во рамките од Лигата на Нации. Натпреварот беше прекинат поради континуирано расистичко и антикосовско скандирање од романските навивачи.
Извиците како „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“, свирежите во текот на интонирањето на химната, фрлањето предмети и провокациите беа присутни во текот на цеиот натпревар и таквата атмосфера не беше безбедна за нашите фудбалери“, стои меѓу другото во соопштението.
Според најавите натпреварот ќе биде регистриран со службена победа од 3:0 за Романија, иако до крајот имаше само уште неколку минути.