Дома Фудбал Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Сѐ одеше како подмачкано до минатата недела за Египќанецот.

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах помина низ убедливо најлошата недела оваа сезона во дресот на гигантот од “Енфилд” откако со слабите настапи против Пари Сен Жермен и Њукасл во голема мера придонесе за катастрофите на својот тим во Лигата на шампионите и Лига купот.

Ливерпул до пред само шест дена беше во трка за три трофеи, но продолжението на сезоната по мартовската репрезентативна пауза ќе го дочека на позицијата на тим кој со поголема веројатност ќе мора да се задоволи само со шампионската титула во Премиер лигата.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Впечатоците беа дека доминацијата во англиското првенство е само вовед во обединувањето на повеќе трофеи оваа сезона, но од неделата попладне и поразот од Њукасл на “Вембли” јасно стана дека тоа нема да се оствари.

Како персонификација на успесите на Ливерпул оваа сезона, логично е што Салах се претвори во најголемиот кривец за очајната недела на “црвените” која му ја загрози трката за освојување на “Златната топка” и значително ја забави можноста да добие продолжување на соработката со клубот.

Англиските медиуми, ден по финалето на ФА купот, брзаат со критики на сметка на Салах бидејќи речиси исчезна во двата дуела против ПСЖ и Ливерпул изминатите недели.

Салах беше невидлив во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите против “светците”, а не беше ништо подобар ниту на “Вембли”, што беше повод за доста остри коментари на сметка на Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико подготвува понуда за Нуњес

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира да достави понуда за напаѓачот од Ливерпул, Дарвин …