Дома Фудбал Обвинувањата на Рудигер биле сериозни, ФИФА отвори истрага

Обвинувањата на Рудигер биле сериозни, ФИФА отвори истрага

Главната светска организација за фудбал, ФИФА, отвори истрага против фудбалерот на Пачука, Густаво Кабрал, поради сомневање дека упатил расистички коментар кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, за време на мечот од Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.

Според изјава дадена за германската агенција дпа од ФИФА потврдија дека нивната дисциплинска комисија започнала испитување откако го добила судискиот извештај од натпреварот. Рудигер го обвини Кабрал за упатување на навредлив расистички коментар во судиското продолжение од натпреварот кој се одигра во Шарлот, каде што германскиот дефанзивец влезе на теренот неколку минути пред крајот како замена.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој го информираше судијата Рамон Абати за инцидентот, кој ја прекина играта и ги прекрсти рацете на градите, гест кој според протоколот на ФИФА означува дека судијата забележал или му било пријавено расистичко однесување.

Средбата, во која Реал славеше со 3:1 против мексиканскиот клуб, заврши неколку минути подоцна. “Даваме поддршка на Тони и ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Протоколот на ФИФА беше активиран и го поддржуваме. Ова е неприфатливо и веруваме во она што го изјавил”, рече тренерот на Реал, Чаби Алонсо, по завршувањето на мечот.

Аргентинските медиуми го цитираат Кабрал (39) кој ги отфрли обвинувањата: “Не се работеше за ништо расистичко. Го нареков засрамен кукавичар, како што велиме во Аргентина. Тоа е сè.”

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Фудбалскиот клуб Рома покажа интерес за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк …