
Вечерва продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите, а јасно е дека најмногу внимание привлекува натпреварот што ќе го одиграат Арсенал и Реал Мадрид на „Емирати“.
Се работи секако за натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а јасно е дека Реал Мадрид е фаворит за понатамошно напредување, но и Арсенал ќе има многу да се праша.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ниту една екипа не влегува во овој натпревар со добро расположение, и двете имаат големи проблеми со повреди.
Како што тврдат новинарите од Шпанија, познат е првите 11 со кои Карло Анчелоти ќе се обиде да постигне позитивен резултат во првиот натпревар во Лондон.
Првите 11 на Реал Мадрид:
Тибо Куртоа; Лукас Васкез, Раул Асенсио, Антонио Рудигер, Давид Алаба; Федерико Валверде, Едуардо Камавинга, Џуд Белингам; Родриго, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор.
Фотографија: Реал Мадрид/ФБ