Во клубот од Торино задоволно тријат раце…
Сампдорија и официјално го откупи голманот на Јувентус, Емил Аудеро за 20 милиони евра кој ќе биде исплаќан на неколку рати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оваа зделка беше завршена во јануарскиот преоден рок, но клубот од Торино дури денес објави официјално соопштение на својот сајт.
„Јувентус го прифати предлогот на Сампдорија да ги продаде своите економски права на фудбалерот Емил Аудеро за 20 милиони евра, сума која ќе биде исплаќана во наредните четири финансиски години. Со тоа клубот остана во плус од 19.9 милиони евра“, стои на сајтот на „старата дама“.
Ufficiale | #Audero ceduto a titolo definitivo alla @sampdoria https://t.co/XlO2VkhJNj pic.twitter.com/mwPc6vnpmP
— JuventusFC (@juventusfc) February 26, 2019
Иначе, Јувентус нема договорена откупна клазула во случај да сака да го врати Аудеро во Торино, но постои џентлменски договор дека ќе го добие Аудеро ако ја изедначи понудата со некој друг клуб за 22 годишниот чувар на мрежата.
Вака Сампдорија иако Аудеро има само еден настап во дресот на Јувентус и неговото име веројатно е познато само на оние кои повеќе ја следат Серија А барем некое време го направи петти најскап голман на сите времиња.
„Старата дама’ веќе подолго време работи одлично на трансфер пазарот. Одлични зделки клубот од Торино склопи со Стуараро, Орсолини, Чери, Мондрагор...За овие зделки од кои Јувентус заработи 100 милиони евра можете да прочитате – тука.