Дома Фудбал Италија Taка работи Јувентус: Со продажба на неважни играчи го исплати Роналдо!

Taка работи Јувентус: Со продажба на неважни играчи го исплати Роналдо!

Јувентус веќе долги години доминира во италијанскиот фудбал, а кога ќе се погледне како работи овој клуб тогаш и ќе ви биде јасно зошто е тоа така.

Изминатото лето Јувентус направи бум на трансфер пазарот кога во тимот го доведе Кристиано Роналдо за сума од 100 милиони евра. Дел од фудбалската јавност смета дека „старата дама“ го преплати Португалецот бидејќи има веќе 34 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Mеѓутоа што ќе каже тој дел на јавноста на следниот податок – Јувентус ги врати парите од Роналдо од продажба на целосно неважни играчи за тимот!

Пуштањето на Матија Калдара во Милан после одличната сезона многумина го сметаа за грешка, но времето покажа дека „старата дама“ не погреши и за него добија 34 милиони евра. Со своите 24 години Калдара би можел да напредува, но да не се лажеме – тој за Јувентус не одиграл ниту еден натпревар од 2017 година кога го купија за 19 милиони. Инвестиција која е вратена скоро двојно.

Тука е и Роландо Мондрагор кого Јувентус го купи од Џенова во 2016 година за осум милиони евра, три години подоцна и после четири минути во дресот на „старата дама“ младиот играч за врска заврши во Удинезе за 20 милиони евра.

Алберто Чери беше последниот во низата, вчера беше продаден за 9 милиони евра од Каљари. Емил Аудеро е стандарден во редовите на Сампдорија и него овој клуб ќе го откупи за 20 милиони евра. Џенова го доведе Стуаро на позајмица од 1.5 милиони евра, но се обврза на Јувентус да му плати 16.5 милиони евра за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Во Јувентус чекаат и официјализирање на договорот со Болоња за Рикардо Орсолини за седум милиони евра.

Кога ќе се соберат овие зделки се доаѓа до сума од 100 милиони евра!

Сега следи и најважниот дел:

Натпревари за првиот тим на Јувентус:

Орсолини – 0

Чери – 0

Калдара – 0

Аудеро – 1

Мондрагор – 1

Стураро за две сезони во Јувентус на теренот помина 614 минути.

Ќе потсетиме на лето во Торино пристигнува Рамзи за „џабе“.

Нема што на управата на Јувентус која раководи со трансферите мора да и се симне капа за сите овие супер одработени зделки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…