Баерн Минхен на својата официјална страница потврди дека Хави Мартинез повеќе нема да биде член на баварскиот гигант.
Шпанскиот фудбалер и Баерн така се разделуваат после девет одлични и трофејни години. Договорот на Мартинез истекува на 30. јуни, а двете страни се договорија да нема продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мартинез во Баерн дојде во 2012 година, а со баварскиот тим осум пати беше шампион на Германија, пет пати го освојуваше купот, а два пати со Баерн триумфираше и во Лигата на шампионите. Пред доаѓањето во Баерн Мартинез одлично настапуваше за Атлетико Билбао каде што пристигна како тинејџер од редовите на Осасуна во 2006 година, клуб во кој ја започна фудбалската кариера.
Се уште не е познато каде Мартинез ќе ја продолжи кариерата. Се споменува преминување во МЛС, Азија, но во опција е и враќање во Шпанија. Наводно интерес за него покажаа Атлетик Билбао, Валенсија и Виљареал.
За Баерн Хави Мартинез одигра 163 натпревари и постигна девет голови. Во текот на престојот во Минхен имаше и проблеми со повредите, сепак ќе остане запаметен како еден од поважните играчи на Баерн во последните девет години.