После пауза од една година поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски конечно има нов клуб.
Хрватска Горица потврди дека потпишале договор со македонскиот стратег. Англовски се заблагодари на ангажманот и истакна дека е среќен поради овој ангажман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакам да се заблагодарам на претседателот на одлуката јас да бидам новиот тренер на Горица. Брзо се договоривме за соработка. Ја следам хрватската лига од кога бев селектор на Македонија затоа што многу наши играчи играат тука. Среќен сум што од година во година е се подобра и тоа е мотивација за тренерите“, изјави популарниот Мрме.
Горица после шест кола во хрватското првенство се наоѓа на претпоследното место на табелата.