Дома Македонски спорт Претседателот на Горица: Не можам да најдам подобар тренер од Ангеловски

Претседателот на Горица: Не можам да најдам подобар тренер од Ангеловски

На поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски тешко му оди во хрватското првенство со тимот на Горица.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ангеловски бележи лоши резултати во домашниот шампионат и не може да излезе од кризата. Македонскиот стратег беше доведен да ја спаси ситуацијата, но тешко оди. Пред натпреварот против Славен Белупо претседателот Ненад Чрнко порача дека комплетна доверба во Ангеловски.

„Во овој момент ми нудат милион тренер секој ден, но не можам да најдам подобар од Ангеловски“, изјави Чрнко за медимите.

Потенцира дека Ангеловски ќе остане тренер и после мечот со Славен Белупо.

„Ако се прашувам јас, нема да добие отказ. Единствено може да си замине ако си поднесе неотповиклива оставка. Но, мислам дека тоа нема да се случи“, изјави првиот човек на хрватскиот клуб.

Дуелот помеѓу Горица и Славен Белупо се игра в недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тери тврди дека скоро половина од избраните фудбалери на Англија не се подготвени за Светското првенство

ЏОН ТЕРИ остро ја критикуваше репрезентацијата на Англија која ја избра селекторот Томас Т…