Иван Перишиќ е нов играч на Баерн!
Хрватскиот фудбалер пристигнува во Минхен на позајмица која Баварците ќе ја платат пет милиони евра со обврска за откуп следната година за 20 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нико Ковач се најде во сериозни кадровски проблеми кога поради повреда пропадна трансферот на Сане кој требаше да изнесува 150 милиони евра. Сане се повреди на натпреварот од Комјунити Шилд против Ливерпул.
Тогаш како негова замена се појави Перишиќ на кого Конте не сметаше од првиот момент кога дојде во Милан. Во оваа зделка може да се каже дека двете страни го добија тоа што им требаше.
Не Перишиќ играњето во Германија не му е непознато затоа што во периодот од 2011 до 2015 настапуваше за Борусија Дортмунд и Волфсбург.
За Интер Перишиќ одигра 163 натпревари, постигна 40 и намести 37 голови.
#FCBayern have signed Croatia international Ivan Perišić. The World Cup runner up will join the club on loan from Inter Milan with immediate effect. #ServusIvan #MiaSanMia pic.twitter.com/gHJVZtxYOC
— FC Bayern English (@FCBayernEN) August 13, 2019