Oна што долго време се најавуваше сега доби и официјална потврда.
Потписот падна, Марио Манџукиќ сигурно останува во Јувентус! Иако во последните две години нема летен преоден рок Манџукиќ да не се поврзува со заминување, тој доби нов договор во Јувентус и со „старата дама“ се обврза на верност до 2021 година.
UFFICIALE ✍ | Con Mario fino al 2⃣0⃣2⃣1⃣! ❤️?
⚪️⚫️https://t.co/GGhbYdZx0A pic.twitter.com/xQRAxWmf2B
— JuventusFC (@juventusfc) April 4, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека Манџукиќ тогаш ќе има 34 години не би било изненадување во Торино да ја заврши кариерата.
Договорот помеѓу двете страни беше постигнат уште пред еден месец, но се чекаше вистински момент се да биде официјализирано. Одлучено е новиот договор да се потпише пред натпреварите со Милан во Серија А и поважниот, против Ајакс во Лигата на шампионите.
Манџукиќ изминатото лето со Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот во Русија, а потоа се прости од дресот на репрезентацијата на Хрватска со намера да го зачува своето тело за уште некоја сезона на високо ниво во клупскиот фудбал. Поради таа посветеност Јувентус го награди со нов договор, подолг за една година од претходниот.
Хрватот е омилен лик помеѓу навивачите и важи за „воин“ кој знае да ги реши важните натпревари, тоа го докажаа оваа сезона во Серија А. Манџукиќ постигна осум голови, но два против Наполи и по еден против Рома, Лацио, Интер и Милан.
Во дресот на Јувентус Манџукиќ освои три титули во Серија, три купа и еден Суперкуп на Италија.