Искусниот македонски напаѓач Крсте Велкоски се враќа во македонскиот фудбал откако потпиша договор со Работнички.
Велкоски цели пет години го носеше дресот на Сараево од каде што си замина ова лето. Работнички денес потврди дека во наредната сезона тој ќе биде нивни играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
34-годишниот напаѓач кариерата ја започна токму во Работнички во 2006 година. Летово „романтичарите“ се засилија со шест фудбалери. Пред Велковски потпишаа со: Игор Алексовски, Иво Јанакиевски, Филип Бошковски, Фати Исмаили и Бојан Иванов.