Дома Фудбал Италија Oфицијално: Втор фудбалер на Јувентус заразен со коронавирус!

Oфицијално: Втор фудбалер на Јувентус заразен со коронавирус!

Даниеле Ругани беше првиот фудбалер од Серија А кој се зарази со коронавирусот, после него следуваа неколку потврдени случаи, а се до денес тој беше единствениот играч на италијанскиот шампион.

Јувентус се огласи со официјално соопштение во кое потврди дека вториот фудбалер кој е заразен со коронавирус е Французинот Блез Матуиди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од објавуваањето дека Ругани е заразен цел тим на Јувентус беше ставен во карантин и се правеа тестирања. Останува да видиме дали Ругани и Матуиди ќе останат единствените двајца членови на Јувентус.

Екипа од Серија А која има најмногу заразени фудбалери е Сампдорија, во овој тим беа потврдени седум случаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума остана без својата „99-ка“, а не можеше да ја земе ниту „единицата“

Џанлуиџи Донарума направи трансфер ова лето, а сега е познато кој број ќе го носи во редов…