Португалецот Гонзало Гуедеш кој минатата сезона настапуваше во Валенсија како позајмен играч од денес и официјално се врати „Местаља“.
Валенсија долго време се обидуваше да постигне договор со Пари Сен Жермен за целосен откуп на договорот на Гуедеш и на крајот се договорија за сума од 40 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сумата на трансферот како што споменавме изнесува 40 милиони евра, но целиот износ во зависност од настапите на Португалецот може да порасне и до 50 милиони евра.
Гуедеш така ќе стане најскапиот играч во историјата на Валенсија.
До денес рекордот го дрежеше Родриго Морено кој од Бенфика пристигна за сума од 30 милиони евра.