Репрезентацијата на Македонија вечерва игра важен натпревар против Грузија во борба за првата позиција од групата во новата сезона од Лигата на Нации.
Македонија и Грузија се изедначени со по пет бода и ако некоја репрезентација вечерва освои три бода ќе биде на чекор од освојувањето на првото место кое носи промоција во Лига Б.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот Игор Ангеловски беше приморан да менува поради проблемите со повредени и суспендирани играчи, па ова е составот со кој се одлучи да стартува.
(3-5-2) Столе Димитриевски – Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Кире Ристевски – Стефан Ристовски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Езѓан Алиоски – Горан Пандев, Иван Тричковски – Илија Несторовски.