Дома Фудбал Останато Oткриен голем скандал од тепачката во Атина: Динамо „шверцувал“ хулиган во својот авион?!

Oткриен голем скандал од тепачката во Атина: Динамо „шверцувал“ хулиган во својот авион?!

Грчката полиција се уште не го пронашла убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, а сега според последните информации Динамо и нешто криел во целиот случај.

Хрватскиот „Национал“ објави шокантна информација дека Динамо со својот авион за овој натпревар „шверцувал“ хулиган.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Имено, делегацијата на Динамо која отпатувала за натпреварот со АЕК броела 64 члена, додека кога се вратиле тие биле 65. Наводно Динамо на хулиганот му дал облека на клубот за да може без проблеми да се врати во Хрватска.

Според информации станувало збор за синот на Жељко Кордиќ, Дино. Жељко инаку е функционер во Собранието на Динамо.

Пред да биде земен и качен во авионот Кордиќ бил сокриен во грмушки и сетоа тоа изгледа како сценарио за филм. Ќе потсетиме,. Кацурис беше убиен во масовна тепачка помеѓу навивачите на АЕК и Динамо во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…