После вчерашните случувања на натпреварот помеѓу Шкупи и Тиквеш во Чаир во кој тимот од Кавадарци запиша пораз се појавија најави за заминување на тренерот на Тиквеш Влатко Костов.
Костов и ја поднел својата оставка, но денес Градоначалникот на Кавадарци и главен финансиер на Тиквеш Митко Јанчев потврди дека оставката на Костов нема да биде прифатена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како Градоначалник отсекогаш сум го поддржувал спортот во Кавадарци. Особено ми претставува чест кога ги следам натпреварите на нашиот ГФК Тиквеш. Се гордеам со резултатите што ги постигна во последната година и секогаш сум со нив и кога победувал и кога губел.И затоа по најавената оставка на тренерот Влатко Костов, единствено што можам да кажам е дека ниту јас, ниту Управниот одбор, навивачите и љубителите, не можеме да ја прифатиме, затоа што сметаме дека тој не сноси никаква одговорност за фудбалските настани кои следеа претходно, за што се изјасни и судиската комисија на ФФМ и призна дека нашиот клуб многупати досега бил оштетен. Затоа, му даваме целосна поддршка на тренерот Влатко Костов, човек кој важи за најдобар и најискусен во Македонија, да остане на чело на Тиквеш и да продолжи со неговата работа, и секако да го подготвува тимот за следниот натпревар во Струга.Со почит,Градоначалник Митко Јанчев“, соопшти Јанчев преку социјалните мрежи.