И после ова коло имаше реакции на судењето, а реагираше и ГФК Тиквеш за натпреварот против лидерот на табелата екипата на Шкупи.
Во клупската реакција, тие истакнуваат дека Тиквеш одново е оштетен, како и во некои натпревари претходнои.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
РЕАКЦИЈАТА НА ГФК ТИКВЕШ
И КОГА Е ГОЛ НЕ Е ГОЛ,И КОГА Е ПЕНАЛ НЕ Е ПЕНАЛ!!!
Нашиот клуб ПОВТОРНО ОШТЕТЕН на денешниот натпревар против екипата на ФК Шкупи од страна на Главниот судија и вториот помошен судија. Имено во 9та минута од натпреварот од страна на противничкиот играч во шеснаестерецот беше срушен нашиот фудбалер (ВИДИ ВИДЕО ПОДОЛУ) каде што јасно се гледа дека е ПЕНАЛ во полза за нашиот тим.Главниот судија на денешниот натпревар Качевски Јован досуди пенал,но по неколку минути каде што домашната екипа направи притисок кон помошниот судија ,ја смени одлуката и свирна непостоечки фаул со рака, и во истиот тој момент каде што стоеше повторно помошниот судија и покажуваше на пенал,во ниту еден момент не покажа дека нашиот фудбалер играл со рака.
Исто така јасно се гледа дека помошниот судија се намести за изведување на пенал и по неколку минути подоцна ја промени својата одлука. Не знаеме но МОЖЕБИ НА СТАДИОНОТ ЧАИР ИМА ВАР СИСТЕМ!?Како е можно да судиската тројка се намести на изведување на пенал и после еден момент да ја смени одлуката. Исто така тоа се случи и на претходниот натпревар против екипата на ФК Академија Пандев во Кавадарци каде што не досудија чист гол за домашната екипа односно за ГФК Тиквеш .
ЈА ПРАШУВАМЕ СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ .
-ДАЛИ И НА КОГО МУ СМЕТА ГФК ТИКВЕШ !?
БАРАМЕ СЛУЖБИТЕ НА ФФМ ДА ГО ПРЕИСПИТААТ СЛУЧАЈОТ НЕ САМО НА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР,ТУКУ И НА ПРЕТХОДНИТЕ НЕКОЛКУ НАТПРЕВАРИ И ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.
Исто така ГИ ПОКАНУВАМЕ ЦЕЛА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА на следниот домашен натпревар во Среда на Градскиот стадион во Кавадарци да присуствува на натпреварот и да БИДЕ ВАР СИСТЕМ како што беше на денешниот натпревар на стадионот на Чаир во Скопје.
И НА КРАЈ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ГФК ТИКВЕШ ЌЕ СЕ БОРИ ДО КРАЈ ПОКРАЈ СИТЕ НЕПРАВДИ ПРОТИВ НАС И ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ СВОЈАТА ЦЕЛ А ТОА Е ОПСТАНОК ВО ПРВАТА МФЛ,НО ИСКРЕНО РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ВО КРИМИНАЛНАТА ЛИГА КАДЕ ШТО ОДЛУЧУВА СУДИСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИ ФФМ.
Со Почит,
ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци