Дома Македонски спорт Oд „готово вересија“: Младинците во Анталија испуштија предност од 0:2

Oд „готово вересија“: Младинците во Анталија испуштија предност од 0:2

Денес новата генерација на Благоја Милевски одиграа 2:2 против Словачка.

После поразот од Казахстан во првиот натпревар денес одигравме реми иако бевме блиску и до победа, водевме 0:2, а на крајот Словачка успеа да дојде до 2:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После ударот на човекот од кого се очекува да биде предводник на оваа генерација Дарко Чурлинов еден репрезентативец на Словачка си постигна автогол во 24. минута.

До втор гол стигнавме после само четири минути игра во второто полувреме.

Словачка се разбуди во финишот, прво 71. минута намалија на 1:2, за на шест минути пред крајот на регуларните 90 да дојдат до 2:2.

Во Анталија Македонија ќе одигра уште еден натпревар и тоа против Бугарија, тој дуел е закажан за во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…