Скоро цело лето траеше сагата со Нејмар и Барселона, преговорите засилено се водеа во последниот ден од преодниот рок, сепак на крајот Бразилецот остана во ПСЖ.
Сега за шпанските медиуми Хавиер Бордас кој беше во делегацијата на Барселона која неколку пати патуваше во Париз за да го доведе Нејмар потврди дека Барселона нема да се откаже од Нејмар се додека тој сака да с еврати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Додека Нејмар има желба да се врати, ние нема да се откажеме и ќе правиме се што можеме за да го вратиме“, изјави Бордас.
Потоа новинарите му поставија прашање дали има можност така голем трансфер да биде реализиран во јануари.
„Ништо не се знае. Ќе видиме, фудбалот не научи дека се е можно“, одговори Бордас.