Дома Фудбал Англија Oвој Манчестер Јунајтед е најлош во последните 57 години!

Oвој Манчестер Јунајтед е најлош во последните 57 години!

Aко ги погледнеме бројките ќе забележиме дека Манчестер Јунајтед е во голема криза.

Манчестер Јунајтед вчера претрпе пораз во градското дерби против ривалот Сити со 2:0 и тоа беше еден натпревар за заборав на „Олд Трафорд“.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Ако претходно беа презадоволни сега навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно се разочарани. Солскјер го наследи Мурињо и имаше старт како од бајките, таков никој веројатно не очекуваше, но сега „црвените ѓаволи“ се во голема криза, дел од навивачите ќе кажат и поголема од кога Мурињо ги водеше.

Тоа го покажува и податокот дека екипата од „Театарот на соништата“ не успеала да постигне ниту еден гол во претходните три натпревари. Освен тоа последниот гол од игра Манчестер Јунајтед го постигна на 2-ри април кога изгубија од Вулверхемптон. Од тогаш поминати се скоро девет часа игра.

Манчестер Јунајтед изгуби и седум од последните девет натпревари, а тоа најлоша низа на клубот во последните 57 години! Во тој период Јунајтед испадна од ФА Купот, Лигата на шампионите и го доведе под голем знак прашалник четвртото место во Премиер лигата.

Пред Солскјер и неговите играчи сега е многу тешка задача, останаа уште три натпревари до крајот на Премиер лигата, тимот се наоѓа на шестата позиција со три бода заостанување зад Челзи кој се наоѓа на позицијата која води во Лигата на шампионите.

Единствено нешто од кое навивачите на Јунајтед вчера можеа да бидат среќни е што Вулвс го победи Арсенал на домашен терен. Како и да е сепак, многумина веруваат дека „ѓаволите“ ќе немаат сили да стигнат до таа четврта позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саудијците го купуваат осумкратниот француски шампион и го крадат клучниот човек на ПСЖ?!

Во францускиот фудбал одекна вест дека фудбалскиот клуб Монако ќе добие нови сопственици и…