Не беше доволно тоа што со изборот се направи вистински скандал, што ќе се игра сред сезона, ќе се прават и промени…На што сето тоа ќе наликува можеме само да замислиме.
Изгледа сме се поблиску до нов циркус. Покрај откритијата дека Катар со бонуси и за вкупна сума од 880 милиони евра го купил Светското првенство (тука), сега ФИФА спрема нова промена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се поблиску сме до одлуката на Мундијалот во 2022 година да учествуваат 48 тимови. Според извештаите одлуката ќе биде изгласана во петок на состанокот во Мајами, а конечно објавена во јуни.
Освен Катар некои натпревари би биле играни во Оман и Кувајт, тимовите би биле поделени во 16 групи по три тима.
Проблем се стадионите, потребни се уште два кои ги исполнуваат критериумите. Во Кувајт веќе постои еден и оваа земја без проблеми би направила уште еден, а исто така потребно е еден да се изгради и во Оман.
Емиратите и Саудиска Арабија отпаѓаат од политички причини, како и Бахреин кој ја следи политиката на своите моќни соседи.
Нема да се менуваат терминот од ноември до декември, но ниту должината на турнирот. Би се играше шест натпревари секој ден на 10 стадиони, тоа би било премногу, 12 би биле доволни стои во извештајот на ФИФА.
Зошто го прават сето ова?
Претпоставувате – поради пари. На овој начин со проширување на формата се верува дека ФИФА од спонзорите и се останато би добила околу пола милијарда долари повеќе.
Од друга страна шампионатот со така раздвоен квалитет, секако дека ќе донесе многу нерамноправност и досадни натпревари, но на кого му е гајле, важни се парите…