Дома Фудбал Останато СКАНДАЛ: Се појавија докази дека Катар го купил Мундијалот за 880 милиони долари!

СКАНДАЛ: Се појавија докази дека Катар го купил Мундијалот за 880 милиони долари!

Светската фудбалска Федерација (ФИФА) повторно се поврзува со голем скандал.

Англиски „Тајмс“ објави докази и тврдат дека Катар го купил домаќинството на Светското првенство за 2022 година за сума од 880 милиони долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што тврди овој медиум целата работа била завршена преку посредник на телевизиската куќа Ал Џезеира. Оваа телевизија е во сопственост на Хамад бин Калифа Ал Тани и документирано е дека токму тој го купил домаќинството.

Ал Џезеира три недели пред одлуката за домаќинството на СП ги купила од ФИФА ТВ правата за 400 милиони долари. Една од клазулите во договорот ја открива изматата и поради тоа се е под истрага.

Во договорот имало клазула според која Ал Џезеира ќе и плати на ФИФА дополнителни 100 милиони долари ако Катар биде домаќин. После три недели тој услов е исполнет и ФИФА така добива дополнителни 100 милиони долари.

Интересно е што токму тогаш е договорен уште еден договор во вредност од 380 милиони евра. Оваа сума морала да биде исплатена во наредниот месец па целата зделка така ги достигнува споменатите 880 милиони долари.

Швајцарското обвинителство ќе разгледува што се случувало. Започната е голема истрага и ова секако е огромен скандал во режија на ФИФА.

Претходно светската куќа на фудбалот ја тресеа повеќе скандали кога во прашање е мито и проневера на пари. Ова е сосема сигурно еден од најголемите и ќе видиме што ќе се случува во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…