Дома Останати Авто Мото Oбјаснето зошто му беше одземена победата на Леклер во Сингапур

Oбјаснето зошто му беше одземена победата на Леклер во Сингапур

Иако старата сезона само што заврши во Ферари со полна пареа се спремаат за 2020. година.

Италијанскиот тим потфрли и оваа сезона во Формула 1 и дозволи повторно Мерцедес да триумфира. Ферари одамна ги немаме видено на врвот на Ф1, но во овој тим работат со полна пареа за тоа да го остварат во новата сезона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, во минатата сезона се манифестираа многу негативни работи кои влијаеја на атмосферата во тимот. Една од тие е трката за ГН во Сингапур каде Чарлс Леклер иако беше на чекор до победа доби тимска наредба да го пропушти Себастијан Фетел кој го освои првото место.

Овој потег го налути младиот Леклер, но шефот на Ферари, Матија Биното, верува дека тоа била важна и исправна одлука. Со оглед на падот на формата на Себастијан сакал да му ја врати самодовербата за нови победи.

“Фетел беше под голем притисок во првиот дел од сезоната, но значително се поправи во вториот. Победата во Сингапур беше клучна за неговата самодоверба. Знаеше дека може да смета на нас. Тоа беше исправна и важна одлука за неговата победа”, рекол Биното

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…