Европската ракометна федерација ги објави и сатниците за натпреварите на Европското првенство кое ќе се игра на почетокот на 2022 година.
Македонија на 13. јануари ќе го отвори турнриот против Словенија, а овој натпревар ќе го играме од 18:00 часот. Два дена подоцна против Црна Гора исто така ќе играме во 18:00 часот, а последниот натпревар во групата против Данска ќе го играме на 17. јануари вод 20:30 часот.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Ќе потсетиме Македонија се избори за ова Европско со одлични квалификации кои беа најдобро одиграни во нашата историја. Нашата репрезентација освои 10 бода и заврши на втората позиција зад Данска која исто така освои 10 бода.