Aрсенал во текот на вчерашниот ден информираше дека е постигнат предвремен прекин на соработката со Обамејанг кој после проблемите со Артета го напушта клубот.
Обамејанг не беше во составот на Арсенал во претходните два месеци, а клубот му излезе во пресрет и му дозволи да ја продолжи кариерата во Барселона каде што Габонецот пристигнува како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Габонецот од Арсенал се прости преку социјалните мрежи.
„Ви благодарам што го направивте Лондон дом за мене и моето семејство во претходните четири години. Имавме подеми и падови, поддршката ми значеше се. Тоа што подигнав трофеј и што ја носев капитенската лента на овој клуб секогаш ќе остане во моето срце. Секогаш бев 100% фокусиран и правев се за клубот затоа и ми е тешко што занимувам без вистинско збогум. Но таков е фудбалот, жалам што не добив шанса да им помогнам на соиграчите во последните натпревари“
„Сепак не чувствувам ништо друго освен респект кон клубот. На сите мои момци и фанови им посакувам успеси во иднина“, порача Обамејанг.