Дома Фудбал Италија Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Oфицијално: Тонали поради суспензијата нема да игра на Европското првенство!

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци и плус осум месеци задолжителна рехабилитација, потврди Фудбалската федерација на Италија.

Се најавуваше дека Тонали може да добие супензија од 18 месеци, но Италијанецот ќе се спаси со помала казна, но сепак ќе го пропушти Европското првенство во 2024 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тонали беше обвинет дека се обложувал на натпревари на Милан додека бил играч на „росонерите“. Претходно тој призна дека се обложувал на натпревари на „росонерите“, но на натпревари на кои тој не играл. Поради тоа не се водеше истрага за местење натпревари.

Претходно суспензија доби и Николо Фаџоли кој седум месеци ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Митровиќ направи шоу во соблекувалната на Ал Хилал (Видео)

Фудбалерите на Ал Хилал направија големо изненадување на Светското клупско првенство, отка…