Манчестер јунајтед потпиша со Холанѓанецот Тајрел Маласија, кој доаѓа од екипата на Феенорд, а со премиерлигашот потпиша четиригодишен договор.




Маласија ќе биде прво засилување за новиот тренер Ерик Тен Хаг, кој го следи од минатата сезона, откако блесна на мечот против Ајакс.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тајлер за клубот од Ротердам одигра 136 меча, а за репрезентацијата на Холандија настапи на пет натпревари.




„Не можам да опишам како се чувствувам. Ова е ново поглавје за мене, ова е нова лига, нови соиграчи и тренер. Играв против неговите тимови во Холандија, познати ми се квалитетите и што бара од фудбалерите“, изјави новото засилување.