Дома Фудбал Останато Oфицијално: Судот ја донесе одлуката за Алвес!

Oфицијално: Судот ја донесе одлуката за Алвес!

Бразилецот Дани Алвес е прогласен за виновен во судискиот случај во кој беше обвинет за сексуален напад врз девојка во ноќен клуб на крајот на 2022 година.

Поранешниот бразилски репрезентативец е прогласен за винвен и осуден на казна затвор од четири години шест месеци. Исто така Алвес ќе и плати и 150.000 евра оштета на девојката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Веќе повеќе од една година Алвес е во притвор откако шпанските власти проценија дека има ризик од бегство доколку се брани од слобода. Од самиот почеток на судскиот процес Алвес тврдеше дека е невин и дека девојката не била присилена на ништо.

Но, во истрагата веројатно како клучни се покажале променетите искази на Бразилецот. Поради тоа шпанската јавност пресудата ја оценува како очекувана. Пред неколку дена медиумите информираа дека Алвес се наоѓал во тешка депресија поради што во затворот стравувале дека може да изврши самоубиство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште едно признание за Дончиќ: Стана најмладиот добитник од 2012 година

Асот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и официјално го доби признанието за најдобар стрелец в…