Денес на собранието во Охрид беше избран новиот прв човек на ФФМ.
Откако Илчо Ѓорѓиоски си поднесе оставка функцијата В.Д претседател ја изврушуваше Мухамед Сејдини, а сега тој и официјално е избран за прв човек на македонскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека Ѓорѓиоски беше на функција, Сејдини ја извршуваше функцијата потпретседател.
На денешното собрани Сејдини беше избран со 82 гласа „за“ и еден воздржан. Сејдини на чело на федерацијата ќе биде до 2021 година, тогаш истекува мандатот на делегатите на Собранието.
На Собранието на ФФМ присуствуваше и членот на Извршниот комитет на УЕФА Давор Шукер, додека претставник на ФИФА беше Хеиди Беха.