Дома Топ вести Oфицијално: Марио Геце ја напушта Борусија!

Oфицијално: Марио Геце ја напушта Борусија!

Борусија Дортмунд денес потврди дека Марио Геце си заминува од клубот.

Овој 27 годишен фудбалер останува без договорот на крајот на јуни и клубот одлучи да не му понуди продолжување на соработката, па Геце ќе ги напушти редовите на „милионерите“.

Геце во претходните четири години играше за Борусија. Стигна од Баерн чиј дрес го носеше три и сезони и каде што отиде токму од Борусија.

Тој трансфер навивачите никогаш не му го простија. Сега неговото заминување сигурно нема тешко да им падне, ќе видиме каде ќе игра наредната сезона.

Вкупно за осум години во дресот на Борусија Геце одигра 218 натпревари и постигна 45 гола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со играч од кој едвај чека да се ослободи сака да ја намали цената на Санчо

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе ја намали цената на Џејдон Санчо кој се очекува ова л…