Манчестер Сити потврди дека добива засилување, „Граѓаните“ соопштија дека потпишале договор со младиот Јан Коуто.
Јан Коуто е 17 годишен фудбалер кој игра на позицијата десен бек и беше еден од највредните играчи на бразилската Коритиба. Младиот Коуто собра неколку настапи за првиот тим на Коритиба и тоа беше доволно да го привлече вниманието на европските клубови.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Многу време се веруваше дека Барселона и Арсенал се фаворити за неговиот потпис, но Сити беше побрз и го обезбеди неговиот трансфер.
Сити на Коритиба за неговите услуги и плати шест милиони евра, а младиот фудбалер на „Етихад“ ќе пристигне во јуни откако ќе наполни 18 години и ќе се отвори преодниот рок.
OFFICIAL: Manchester City have announced the signing of Yan Couto on a five-year deal from Coritiba FC.
— Man City Xtra (@City_Xtra) March 2, 2020
Welcome, @yancoutoo2! #MCFC | @ManCity pic.twitter.com/Iql181foAg