Дома Македонски спорт Oфицијално: Македонија – Словенија ќе се игра пред публика!

Oфицијално: Македонија – Словенија ќе се игра пред публика!

Владата вечерва и официјално потврди дека пријателскиот натпревар на 1. јуни Македонија – Словенија ќе се игра пред публика.

„Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада“, објавија вечерва од Владата.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Тие 30% значат околу 10.000 фанови на трибините.

Ќе потсетиме, дуелот со Словенија е еден од двата кои македонската репрезентација ќе ги одигра пред ЕП во Скопје. Вториот се игра против Казахастан три дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познати се фаворитите: Кој ќе ја наследи „десетката“ на Мoдриќ?

По речиси 13 години поминати во Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално се збогува од клубот…