Бранислав Ивановиќ повторно ќе игра во Премиер лигата каде што во минатото го носеше дресот на Челзи.
Ивановиќ последните две ипол години настапуваше за Зенит, а сега кариерата ќе ја продолжи во ВБА, тоа го потврди и менаџерот на овој тим Славен Билиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ивановиќ е тука, веќе потпиша. За мене тој е одличен играч. Не поседува само квалитет, туку и искуство, како на теренот така и надвор од него. Нас сега ни недостасува нешто кое Ивановиќ го има. Веруваме дека ќе ни помогне“, изјави Билиќ.
Искусниот 36 годишен стопер со ВБА ќе потпише договор на една сезона.