Дома Фудбал Останато Oткриено зошто Гвардиола во 2016 година го напушти Баерн

Oткриено зошто Гвардиола во 2016 година го напушти Баерн

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити и ќе биде во клубот до летото 2023 година.

Иако се шпекулираше дека Гвардиола би можел да го напушти Сити тоа не се случи. Пеп потпиша нов договор со „граѓаните“, а шпанскиот новинар и автор на биографијата на Гвардиола, Гилијам Балаг откри зошто Гвардиола во 2016 го напушти Баерн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тој во Сити се чувствува добро, опкружен е со луѓе во кои верува. Ги контролира спортските одлуки и среќен е што не излегуваат работи од соблекувалната, а такви работи му се случуваа во Баерн и Барселона“.

„После секој натпревар на Баерн мораше да им објаснува на шефовите како екипата играла и зошто одлучил да игра на таков начин. Поради тоа неколку месеци претходно се знаеше дека нема да остане во Баерн“, изјави шпанскиот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…