Дома Фудбал Останато Oливер Кан го советува Левандовски: Веројатно ќе го срушиш рекордот, но не си прави притисок

Oливер Кан го советува Левандовски: Веројатно ќе го срушиш рекордот, но не си прави притисок

Роберт Левандовски е на чекор да го сруши рекордот на Герд Милер од 1972 година по бројот на постигнати голови во една бундеслигашка сезона.

Лева постигна 39 голови на две кола пред крајот на Бундеслигата, додека Милер своевремено постигна 40 голови. Значи, на полскиот голгетер му недостигаа само уште два гола за да постави нов рекорд.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Левандовски постигна хет-трик изминатиот викенд во победата на Борусја Менхенгладбах, а директор на Баерн Оливер Кан е убеден дека Лева ќе го сруши тој рекорд.

„Колку што знам нема да си дозволи да го пропушти тој рекорд, но му порачувам да не си прави толку притисок на себе“, изјави Кан.

Баерн во споменатиот натпревар против Борусија ја обезбеди новата титула во Германија, но во Лигата на шампионите испадна во четвртфиналето од ПСЖ додека од Купот на Германија се прости претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографија од 2007. Бебето покрај Меси денес е играч од 90 милиони евра

Во четвртфиналето на Европското првенство денеска од 18 часот играат Шпанија и Германија. …