Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Вимблдон и да остане на својот став да не се вакцинира, затоа што Велика Британија ги промени правилата за влез на најзина територија.
Велика Британија објави дека од 11. февруари за влез во земјата ќе важат нови правила и ќе биде дозволен влез на невакцинирани лица.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Лицата кои доаѓаат ќе треба да направат тест пред влезот во земјата и уште еден два дена откако ќе бидат тука. Сите патници мораат да ги пополнат потребните формулари“, соопштија од Владата на оваа земја.
Ако нешто не се промени ова значи дека Ѓоковиќ нема пречки да игра на Вимблдон кој е закажан за 27. јуни и ќе трае до 10. јули.